Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи да ја субвенционира здравствената заштита за Американците со ниски примања во согласност со законот на поранешниот претседател Барак Обама, но се уште не е донесена одлука за идното финансирање на Обамакер, изјави претставник на Белата куќа, јави Танјуг.
– Се согласивме да продолжиме со тоа и со исплатите засега, но не сме донеле конечна одлука за идните обврски, изјави тој.
Трамп претходно предложи реформи на Обамакер, но тој предлог доживеа неуспех, бидејќи беше повелечен од процедура во Конгресот поради недоволна поддршка на републиканците.