Тренерот на Барселона, Луис Енрике по синоќешниот триумф над Реал Мадрид рече дека Меси е најдобар играч на сите времиња.
Аргентинецот со погодокот во судиското надополнување и донесе победа на Барселона (3:2) над големиот ривал и ја остави во трка за титулата.
-Ова беше дуел на два тима кои ја заслужуваат шампионската титула. Разликата беше во тоа што ние го имавме Меси, а тој е најдобар играч во историјата. Тој ни овозможи надмоќ во средината на теренот, често ја имаше топката кај себе и погоди кога беше најпотребно, изјави Енрике.
Меси против Реал беше стрелец на два гола по што ја достигна бројката од 500 голови во дресот на каталонскиот клуб.