Имаат најдобро основно образование на светот, а штедат 400 милиони евра годишно само затоа што не користат хартија

Од:

Бука – Сараево

Неверојатна трансформација на државата за 20 години. Речиси цела земја е покриена со 4G мрежа. Сите жители се на интернет, а државата штеди огромни пари бидејќи не користи хартија. Тука корупција не постои.

Со околу 1,3 милиони жители и за нешто над две децении, поранешната советска држава Естонија се претвори во нешто што со право може да се нарече балтички економски тигар.

Фасцинантен е преминот на Естонија од ригидна комунистичка земја во отворено, речиси совршено скандинавско општество.

Од повторното стекнување на независноста во почетокот на 90-тите, Естонија настојува да биде поинаква од другите. Нивниот модел на економијата е апсолутно отворен. Земјата е позната според примената на ИТ технологиите и иновациите во политичкиот и економскиот систем на таа земја, но и во секојдневниот живот на просечниот Естонец. А што тоа конкретно значи?

Секој државјанин на Естонија поседува т.н. идентификациски документ електронска картичка, со чија помош преку специјално изработен систем може да се логира и со тоа може да ја исполнува својата даночна картичка, може да ја провери состојбата на сметката во банка, може да отвори фирма, може да ги погледне оценките на детето во училиштето.

Кога Естонец оди на доктор, на него не му треба здравствена книшка, тој на преглед оди само со таа единствена картичка, каде докторот ги има сите достапни податоци за историјата на болестите и слично… По прегледот, ако на пациентот му треба лек, рецептот веќе електронски е пратен во аптеките. Нема чекање, нема хартиени документи.

Извршната и законодовната власт во Естонија не смее да користи хартија, се е онлајн, а секој документ е потпишан со дигитален единствен код. Владата на Естонија се состанува пред таблети и лаптопи, а сите материјали веќе однапред се дигитализирани.

Претседателот на Парламентот на Естонија Еики Нестор рече дека на него во секојдневната работа дури му е забрането да користи хартија. И уште нешто, благодарение на воведувањето на Е-потпис, Естонија заштедила 2 отсто од буџетот т.е. буџет кој оваа земја го издвојува за одбраната. Во бројки тоа се околу 400 милиони евра.

Едноставно кажано, во Естонија се мора да биде транспарентно и отворено. Кога првиот човек на естонскиот Парламент го прашавме за можни злоупотреби од ваквиот дигитален систем, ни рече дека до сега имале само два такви случаи. Кога некој проверувал кој е новиот сопруг на неговата поранешна жена и кој сосед му се доселил во соседството.
Во двата случаи луѓето кои на ваков начин влегле во системот биле соодветно казнети. Со други зборови, злоупотреба нема. Единствен недостиг е што серверите не се толку брзи како што би сакале граѓаните, рече првиот човек на Парламентот.

Естонија е една од најмалите европски земји и меѓу најретко населените.

„Само ако сме во нешто поразлични од другите, можеме да успееме”. Таквиот начин на размислување ги доведе Естонците на листата на најпаметните нации во Европа. Според резултатите на PISA тестирањата, тие се најпаметни во Европа и трет најпаметен народ во светот. Според овие резултати ги престигнаа и своите омилени соседи Финците. Естонското основно образование е најдобро образование во светот, покажаа резултатите на PISA тестирањето во 2015 година.

Во Министерството за образование на Естонија признаваат дека и тие понекогаш се изненадени од овие показатели. Сепак, признаваат едно: „Образованието е наша религија”.

„Причините за овие добри резултати во образованието на Естонија лежат во еднаквоста и компактното школство, професионалниот кадар, ефективниот менаџмент во процесот на учењето, поддршката на слабите ученици, како и во посветувањето на внимание кон специфичните образовни потреби. Тоа е најважно што образованието се цени во општеството” – ни рекоа во Министерството за образование на оваа земја.

Долгорочната стратегија на учењето до 2020 година има 5 основни цели:

– променет пристап на учењето (учењето се темели на индивидуалноста, интересите на поединецот, искуството и потенцијалот на секој ученик);

– компетентни и мотивирани учители и директори на училиштата;

– подобра поврзаност на образованието со потребите на пазарот на трудот;

– дигиталната револуција која е процес на учење за цел живот;

– еднаква шанса и зголемено учество во учењето кое мора да трае цел живот.

Повеќето Естонци работат во мали и средни компании, или во јавниот сектор. Малкумина се флексибилни: најдобрата можна стратегија за преживување на малите нации со лимитирани природни ресурси.

Таа предност пред останатите економии Естонците ја виделе во примената не само на е-државата во секојдневниот живот, туку и генерално во примената на IT технологиите во економијата.

Естонија е татковина на Скајпот, има најголема покриеност со 4G сигнал во Европа (95 отсто од Естонија), нивната „мафија” се старт-апите. Тие имаат најголем број старт-апи по глава на жител во светот.

Во Естонија фирма се отвора за 15 минути. За да пополните годишна пријава за данок ви требаат две минути, само толку да ги проверите основните податоци и евентуално да ги дополните. И тоа е се.

Речиси 30 отсто Естонци минатата година гласале на изборите преку интернет.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он