Стивен Хауарт сака да го спаси светот од неминовна катаклизма и оценува дека за тоа му се потребни околу 200.000 австралиски долари.
Хауарт, во рамки на програмата „Астероид шилд“ сака да направи прва подвижна опсерваторија во Австралија, со која планира да крстосува по континентот во потрага по астероиди кои се на пат кон нашата планета.
Како и повеќето денешни креативци, покрена онлајн кампања за собирање средства, при што од јавноста бара само 200.000 австралиски долари. До сега собрани се само сто.
Сепак, тоа не го обесхрабрува во намерата да набави голем телескоп, да го намести во приколка на камион мерцедес унимог и да го следи небото од разни агли за да може на време да го види потенцијалниот опасен астерод.
– Нашата земја е најпогодна за следење на небото и воочување на такви објекти, смета Хауарт.
Покрај тоа што ја спасува планетата од астероиди, Хауарт се надева и дека со помош на телескопот на тркала на учениците ќе им ја доближи астрономијата.