(ВИДЕО) Димовски: Сакаат под тепих да пикнат дебата за националните симболи

Од:

Наместо да одговори конкретно на новинарско прашање, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги делеше медиумите на најверојатно некои кои му одговараа и не му одговараа да му поставуваат прашања.

– Вакво прашање очекував од А1он. Законот за кој што зборувате во кој се предлага промена и дополнување на Законот за јазици и дебата за националните симболи е предложен од членови на ДУИ и никогаш не стигнал на дневен ред на Владата на Република Македонија, одговори Димовски иако прашањето беше конкретно дали вака ќе го блокираа Собранието ако овој предлог закон кој е направен во Владата на Никола Груевски стигнеше до Собранието.

Додека Димовски тврди дека овој предлог закон не стигнал до Владата, чудно е како тој е јавно објавен на веб страната на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, кога овој Секретаријат е дел од Владата на Република Македонија.

Димовски пред тоа обвини дека СДСМ биле оние кои барале промена на Законот за јазици и дебата за национални симболи, а овие две работи да ги пикнеле „под тепих“ за како што рече граѓаните да не го виделе нивното предавство.

Тој уште еднаш негираше дека ја блокираат седницата и како што кажа ова право им било дадено со Устав. Шпекулираше дека новото парламентарно мнозинство ќе направи обид за насилство врз Собранието и оневозможување на работата на седницата и кажа дека никогаш не била прекината расправа како што сега се обидува да направи СДСМ.

– Претресот трае додека не се исцрпи правото на збор. Апелирам да не се врши насилство врз собранието и да дозволат процесите да течат, како што треба да течат, рече Димовски.

Тој кажа дека ги знаеле плановите на СДСМ за да изберат нов претседател на Собранието.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра