Самсунг Галакси С8 ќе биде најтежок испит на јужнокорејската фирма, бидејќи телефонот поминува низ најтешка контрола, а и очекувањата се најголеми.
Самсунг Галакси С8 ќе ја замени Самсунговата џебна „играчка” Галакси С7 и проблематичниот Самсунг Галакси Ноут 7 како водечки мобилен телефон на Самсунг.
Ланскиот скандал со моделот Ноут 7, т.е. со неговите батерии, ја стави компанијата Самсунг на посебен испит, поради што според одредени наводи Самсунг Галакси С8 ќе биде најважен модел.
Но, дури и во нормални околности влогот на Самсунг е голем кога се работи за овој производ.
„Со ова лансирање, Самсунг добива шанса да се поправи по фијаското на Galaxy Note 7… Но, премногу е рано да се каже дека проблемите на Самсунг се минато” – вели Киранјеет Каур технолошки аналитичар на IDC.