Најголема светска хуманитарна криза во изминатите 70 години е прогласена во три африкански држави, кои е се соочени со масовна глад, во време која претседателот на САД, Доналд Трамп предложи намалување на помошта за странство и прекин на историската улога на САД како прв донатор на помош во светот.
Доколку Конгресот на САД дозволи укинување на помошта и САД не одговорат на моменталната криза во Африка, експертите предупредуваат дека гладта и сушата на тој континент ќе има долгорочни последици, вклучително и нов бран мигранти кон Европа и можна поголема поддршка од групите на исламистички екстремисти.
Кризата на масовна глад во Нигерија, во Сомалија и во Јужен Судан предизвикана е од судири, а кулминира речиси истовремено во трите држави. Речиси 16 милиони лиѓе во тие држави можат да ги загубат животите поради глад во следните неколку месеци.
– Масовна глад веќе е прогласена во два окрузи во Јужен Судан, каде еден милион се соочени со смртта поради недостиг од храна, изјавија претставници на Обединети нации.
Сомалија објави вонредна состојба поради сушата, а 2,9 милиони луѓе се соочуваат со недостиг од храна, што може да прерасне во масовна глад.
Во североисточниот дел на Нигерија регистрирана е неисхранетост во областите кои се погодени од насилството на екстремистичката група Боко Харам.
– Се соочуваме со најголемата хуманитарна криза од формирањето на ОН, изјави шефот на хуманитарниот отсек на ОН, Стивен О’Брајен по посетата на Сомалија и на Јужен Судан.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кон крајот на февруари изјави дека најмалку 4,4 милијарди долари се потребни до крајот на март за да се спречи катастрофалната глад во Нигерија, во Сомалија, во Јужен Судан и во Јемен.
Според ОН собрани се само 10 проценти од неопходните средства.
Експертите предупредуваат дека и соседните држави ќе ги почувствуваат последиците.
Претставник на ОН во Уганда минатата недела истакна дека државата е пред „колапс“ откако од јули минатата година во земјата пристигнаа повеќе од 570.000 бегалци во Јужен Судан.