Бушманите објавија „Етички кодекс“ за учесниците на научни истражувања

Од:

Припадниците на племето Сан во Јужна Африка, кои на Запад често ги нарекуваат Бушмани, со децении се предмет на научни истражувања, па сега тиа бараат за возврат да добијат почитување.

Бужманите објавија „Етички кодекс“ во кои бараат научниците да исполнат одредени услови, како што добивање одобрение за истражувањето од Советот на племето Сан, да не фотографираат поединци без нивно одобрување и да одговараат за вистинитоста на резултатите од истражувањата, наведува магазинот „Смитсониан“.

Тие исто така, бараат научниците да ја споделат со остатокот на светот ползата од студиите, при што се мисли на знаењето, а не на парите.

– Во текот на последните неколку децении не преплавија истражувачи. Не го доведуваме во прашање истражувањето, но треба да се извршува според одедени стандарди, вели Хени Сворт, директорка на Јужноафриканскиот институт на племето Сан.

Иако „Кодексот“ не е правно обврзувачки, истражувачите кои ќе го прекршат нема повеќе да можат да се занимаваат со истраживања во овој дел на Африка.

Сан, чии припадници во Јужна Африка достигнуваат бројка од 8.000, е прва африканска заедница што усвојува ваков „Кондес“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска