Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ во Москва, им посакал успех на „актуелните власти“ на претстојните претседателски избори во Србија, јавуваат белградските медиуми.
На средбата во Кремљ, рускиот претседател изразил надеж дека односите меѓу двете земји и натаму ќе продолжат да се развиваат.
Според српските медиуми, Вучиќ изразил надеж дека рускиот претседател наскоро ќе го потпише указот за вооружување на Србија.
Станува збор за испораката на 30 борбени околопни возила, 30 тенкови и уште шест борбени авиони „МИГ 29„.
Ваквата испорка на борбено оружје за Србија, претходно, била усогласена и договорена со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, а сега се очекува указот за префрлање на оружјето, да биде потпишано од претседателот Путин.
Медиумите во Белград, тврдат дека застојот во испораката бил предизвикан од тоа дали авионите да бидат расклопени, па испорачани во делови, или да се издејствува тие да долетаат до Србија, преку „трета земја„.
Во текот на оваа посета, што се одржува во екот на предизборната кампаза во Србија, во која Вуичиќ важи за фаворит, станало збор и за ситуацијата во регионот, за која двете страни се согласиле дека „се заострува„.
Официјална Москва изразила силна подршка за српската „воена неутралност„ а од страната на премиерот Вучиќ била истакната благодарноста кон Русија и Путин за подршката што и ја даваат на Србија.
Белгардските медиуми пишуваат дека во рамките на договорот за воено техничка соработка се предвидува Србија да произведува руско оружје, за трети пазари, но откриваат и дека Вучиќ барал рускиот антиракетен систем да и биде испорачан на Србија, за кој рекол дека е потребен за да се гарантира безбедноста на Србија.
Портапролот на Кремљ Дмитриј Песков во изјавата за медиумите ги отфрлил критиките дека Москва се меша во српскиот предизборен процес.
„Оваа посета не е никакво мешање во изборите во Србија“, изјавил Песков.