Спортскиот арбитражен суд (CAS) ја намали казната на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми од четири на две години, па играчот за врска на Динамо Загреб може да му се врати на фудбалот во октомври оваа година.
Судот го известил Динамо Загреб за конечната одлука за намалувањето на суспензијата која што Адеми ја доби поради позитивен допинг тест по дуелот помеѓу Динамо и Арсенал во 2015. година.
За време на траењето на суспензијата, Адеми не смее да има никакви спортски активности со Динамо, ниту да тренира со првиот тим. Меѓутоа, како што известуваат од тимот Адеми самостојно тренира.