Цаноски: Кочан и „Трансмет“ го уриваа „Космос“

Од:

Сефер Цаноски, син Фијат Цаноски чиј објект „Космос“ беше урнат на својот ФБ профил потсетува дека токму Сеат Кочан и неговата фирма „Трансмет“ беа ангажирани за уривање на „Космос“.

Во прислучуваните разговори, се слуша, како пто изјави Заев дека уривањето е дирекно нарачано од тогашниот премиер Никола Груевски поради политичка пресметка со Фијат Цаноски.

Еве што напиша Цаноски:

Овие ликови што протестираат за слобода на СЕАД КОЧАН ги паметам многу добро. Ги паметам добро и камионите и багерите нивни. Го паметам и 5 часот изутрина на 1 август 2011 година. Истите овие ликови, заштитени од огромен број припадници на полициските сили влегоа во КОСМОС , како вработени во ТРАНСМЕТ на Сеад Кочан, компанија која беше ангажирана за рушењето од страна на општина Гази Баба, во исто така незаконски добиен тендер. Ние чекаме правда повеќе од 6 години.И со господ напред ќе ја дочекаме овде во Македонија.

Додека вие протестирате, вашиот газда “правдата” ја дочекува веројатно на некоја луксузна Јахта на отворено море, каде уз некоја шкампа и морска риба ужива и ги троши “чесно” заработените пари !
Можам само да ви кажам едно – АРАМ и срам да ви е !

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна таванот во „Космос“ во Солун, тешко повредена е жена

Горан Наумовски

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

Предметот за „ТНТ“ застарил пред осум месеци, според правното мислење на министерот Тупанчески

Ландов

ВИДЕО: Рустеми бара затворски казни за уривањето на „Космос“, за Јанакиески рече дека не направил злоупотреба со тендерот

Кристијан Ландов