Предметот за „ТНТ“ застарил пред осум месеци, според правното мислење на министерот Тупанчески

Од:

Предметот „ТНТ“ за рушењето на објектот „Космос“ е целосно застарен. Ова произлегува од толкувањето на одредбите на Кривичниот законик, односно правното мислење кое го дал министерот за правда Никола Тупанчески, во својство на правник и професор на Правниот факултет во Скопје. Според Тупанчески, кривично дело за кое е запретена казна затвор од над три години целосно застарува по десет години. Тоа значи дека ако обвинителот ги гони ексминистерот и обвинет во Миле Јанакиески и ексградоначалникот и обвинет Тони Трајковски заедно со административците за дела сторени во 2011 година, тие застаруваат во 2021 година. Во овој случај, сите обвинети се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување, каде минималната казна е три години затвор.

„Ако станува збор за кривично дело за кое според законот може да се изрече казна затвор од над три години затвор, а делото е сторено во 2011 година, релативната застареност е пет години, а апсолутната е десет години. Сиплифицирано, тоа значи дека за дела извршени во 2011 година, за кои може да се изрече казна затвор од над три години, според Кривичниот законик апсолутната застареност е во 2021 година. Секое друго читање на законот и поврзување со стандард ‘општ законски максимум’, би било погрешно и би значело повреда..“, се вели меѓудругото во правното мислење на Тупанчески.

Обвинението против Јанакиески, Трајковски и административците е за дела, за кои обвинителот Бурим Рустеми вели дека ги сториле во периодот на 2011 година, односно осми месец 2011 година го уривале „Космос“. Според тоа и правното мислење на Тупанчески, делата застареле пред осум месеци.

„А1он“ и претходно се има обраќано до Тупанчески дали издавал мислења за случаи кои ги водеше СЈО, како и што содржат истите. Тој одбива да коментира, зошто сега кон јавноста се обраќал од министерската функција.

„Со стапување на функцијата министер за правда, работниот однос како редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје е во мирување.
Во својство на министер за правда, министерот Тупанчески се произнесува со мислења само за предмети кои се од делокругот на работата на Министерството за правда“, велат од ресорното министерство.

Ова правно мислење е доставено и до судијата Огнен Ставрев, кој во текот на постапката одби да го изведе како доказ. На истото, повеќето од обвинетите се повикуваат и во текот на завршните зборови, со што бараат судот да донесе одбивателна пресуда. Правното мислење е издадено по барање на адвокатот Влатко Илиевски.

Би можело да ве интересира

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

Тупанчески: По 26 години добиваме нов и модерен Кривичен законик со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните

И судијата Нанев на туѓа сметка навивал во Палермо со министерот, а тоа може да го прави и во иднина

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Рустеми бара затворски казни за уривањето на „Космос“, за Јанакиески рече дека не направил злоупотреба со тендерот

Кристијан Ландов

Владата го опомена Тупанчески, но не за лагата и гратисите од ФФМ туку за недоволната транспаретност