Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Од:

Сопстеникот на фирмата „Фине“, инвестиотр на објектот „Космос“, Фијат Цаноски, на прес-конференција излезе со тврдење дека апелацискиот судија Ѓоко Ристов планира предметот пред Апелацискиот суд намерно да го застари, а тој да ја загуби отштетата од 11 милиони евра, пресудена на првостепен суд.

Цаноски се осврна на изминатите години во кои и покрај сите случувања кон него и неговиот бизнис, тој и натаму продолжил да вложува во оваа држава. Бизнисите на Цаноски како што беше кажано останаа во Република Македонија, а повторно е изграден и „Космос“.

-Сепак, она што се случува деновиве во јавноста е тоа дека судијата известител и Претседател на советот Ѓоко Ристов место да постапи согласно одредите од ЗКП за предметот да закаже интерен термин за советување и гласање по Предметот, тој закажува нова јавна седница за 06.11.2023 година сè со една единствена цел, знаејќи дека ако таа се одржи тогаш советот ќе мора да донесе само една единствена одлука – да констатира застареност за кривично гонење спрема обвинетите и „ФИНЕ“ засекогаш да остане без својата оштета од 11 милиони евра.

За овој преседан кој излегува од границите на ЗКП на прес – конференцијата како што беше кажано, беа изнесени факти за правната процедура на предметот, намерните одлагања во постапувањето, раздолжување на предметот во жалбена постапка, непостапување со достава на предметот до Основниот кривичен суд за исправка на грешка на Пресудата која грешка некој намерно ја сторил, и незакажување на термин за советување и носење на пресуда на Советот. На медиумите им беше поделена е правната анализа за дејствијата во овој предмет како би можеле истите вистината за „ТНТ“ да пренесат во јавноста.

Целта на прес – конференцијата како што посочи Цановски е да се укаже на она што е очигледно дека некој се обидува преку сите можни механизми да го застари предметот иако правните механизми предвидуваат само едно – закажување на интерен термин за советување и гласање на Советот кој постапува по овој предмет и донесување на Одлука со датум од 08.05.2023 година.

„Фине“ поради се денес наведено ќе поднесе кривични пријави за сите за кои се сомнева дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена должност по член 353 од КЗ.

Компанијата Фине ќе поднесе кривични пријави за сите лица за кои се сомнева дека сториле кривично дело – злоупотреба на службена должност по член 353 од Кривичниот законик.

Што и да се случи утре на ново закажаната јавна седница за ТНТ, нема да престанеме да ја бараме правдата пред сите домашни и странски институции, најави бизнисменот Цаноски.

„Знаеме дека правдата е слепа. Свесни сме дека станува збор за организиран криминал со цел да застари предметот. Но, доколку тоа се случи, во што искрено не сакаме да веруваме, ние ќе се обратиме со сите институции, амбасади и надлежни институции“, истакна Фијат Цаноски.

Би можело да ве интересира

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

Предметот за „ТНТ“ застарил пред осум месеци, според правното мислење на министерот Тупанчески

Ландов

ВИДЕО: Рустеми бара затворски казни за уривањето на „Космос“, за Јанакиески рече дека не направил злоупотреба со тендерот

Кристијан Ландов

Космичка прашина создадена од лабараторија би можела да ни помогне да дознаеме за нашето живеење, ѕвездите и планетите

А1он

Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Ана Ололовска