Кралот на Мароко Мохамед Шести објави дека го сменил премиерот Абдеалилах Бенкиран, кој е од умерената исламистичка Партија на правдата и развојот и оти на негово место ќе назначи друг претставник на истата партија.
Кралот му даде задача на Бенкиран да состави нова влада на 10 октомври минатата година, откако Партијата на правдата и развојот победи на парламентарните избори.
Партијата освои 125 места во 395-члениот Парламент. Втора беше Партијата за автентичност и модернизација со 102 места, а на трето место конзервативната партија „Истиклјал“ (Независност) со 46 места.
До овој момент Бенкиран сепак не успеал да состави влада.
Во соопштение на кралската канцеларија, објавено доцна синоќа се посочува дека консултациите, кои Бенкиран ги водел пет месеци не доведе до формирање владино мнозинство.
Засега не е објавено името на новиот премиер.