Зрновци ќе гради етно парк

Од:

Изградба на етно парк во непосредна близина на спортските терени, на патот кој води кон Кочани, планира да гради Општина Зрновци.

Станува збор за уште еден проект за заштита на културното и етнолошко богатство на овој крај, по течението на Зрновска река. Предвидено е реализацијата да заврши до почетокот на летото.

– Етно паркот кој ќе го отсликува минатото на нашиот крај ќе содржи повеќе елементи, подзаборавени содржини и исчезнати предмети како што се фурната за печење леб, казанот за печење ракија, бунар, чеза и коњска кола, автентични за овој крај. Со ова сакаме да ја збогатиме туристичката понуда на Зрновскиот крај, изјави градоначалникот Блаже Станков.

Според него, во туристичката понуда на Зрновци се и богатството од цркви и мананстири, кањонот на Зрновска река како и традиционалните народни специјалитети од јадења, стари и над стотина години.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука