Евровизиски скандал: Хрватската песна потсетува на нумера од „Фроузен“

Од:

Кон крајот на минатата недела Хрватска ја промовираше песната што ќе ја претставува земјата на овогодишниот Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Киев.

Станува збор за нумерата „My Friend“ во изведба на популарниот хрватски пејач Жак Худек.

Меѓутоа, како што јави загрепскиот портал Индекс, веднаш по промоцијата на песната, многумина корисници на социјалните мрежи почнаа да коментираат дека нумерата им е позната од некаде“ и дека „веќе ја слушнале“.

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека песната „My Friend“ на Худек „многу потсетува“ и е „евидентно слична“ со нумера од анимираниот филм „Фроузен“ на „Дизни“.

Злобниците одат и дотаму што наоѓаат сличност и во текстот, наведувајќи дека Худек пее „Don’t Let Go“, а во филмот Елза пее „Let Go“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фаворитот победи, ќе ја претставува Италија на Евровизија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хрватска на Евровизија со песна за Путин: Мал подол психопат

Предраг Петровиќ

Велика Британија ќе биде домаќин на Евросонг 2023

Катерина Ѓуровски

Нов скандал за мамење на Евровизија, Романија тврди: Не и дадовме 12 поени на Украина!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Андреа: Не им е јасно како еден анонимец победил, ама не се лутам

Ана Ололовска

Ротердам домаќин на 65. Песна на Евровизија

Ана Ололовска