МАН го осуди нападот врз новинарската екипа на А1он

Од:

Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осуди синоќешниот напад врз новинарската екипа на А1 он и бара од Министерството за внатрешни работи да го расчисти случајот.

Од МАН нагласуваат дека нивниот правен тим им стои на располагање на вработените во медиумите и на нападнатите во овој инцидент, како и за правна заштита за сите претходни насилства врз медиумските работници.

– МАН ги повикува своите членови и сите новинарски екипи на почитување на законите и Уставот на РМ. МАН ги повикува сите свои членови и сите медиумски екипи на професионалност во известувањето, објективност, неширење на говор на омраза, незастапување етнички и политички ставови, неповикување на насилство и подбуцнување, се вели во реакцијата.

МАН потсетува дека досега биле повредени и нападнати и новинари од други новинарски куќи, но оти Здружението на новинари на Македонија и определени невладини организации блиски до СОРОС не реагирале.

– Ниту ЗНМ, ниту соросовите невладини не реагираа во наведениве случаи, кои се уште не се расветлени, со молк ја одобруваат агресијата кон новинарите. МВР до ден денес се уште молчи за насилството и ги нема разрешено сите овие наведени случаи, вели МАН во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – Медиумите на „Клип Медиа Груп“ прославија јубилејни родендени

Ана Ололовска

Судијка нападна новинар на „А1он“ со закана: „Собирајте лаптопот, ќе ви го одземам“

Ана Ололовска

МАН: Целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк

Ана Ололовска

МАН: Ние предлагаме интернет-порталите законски да станат медиуми, ЗНМ се противи

Жарко Настоски

А1он, Макфакс, Репортер, ДодајГас, УСБ, ТопСпорт излегуваат од Time.mk

Ландов

МАН: Собранието да ги избере новите членови во советите на МРТ и на АВМУ преку постоечкиот закон