Судијка нападна новинар на „А1он“ со закана: „Собирајте лаптопот, ќе ви го одземам“

Од:

Судијката од граѓанскиот суд, Наташа Тодорова, забрани на новинарската екипа од „А1он“ да запишува забелешки во судската сала за време на рочиштето каде Александар Василевски-Нинџа осуден за „27 април“ го тужи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Кон новинарската екипа која уредно се најави и се легитимираше беше упатена и закана.

На самиот почеток, судијката реагираше најпрво зошто на легитимацијата немало ознака со број, на што и беше кажано дека нема потреба да има бидејќи тоа не е законски пропишано. По седнувањето на новинарот во судската сала судијката Наташа Тодорова се обрати со зборовите: „Што правите вие? Соберете тоа лаптопот, одма! Да не ви го одземам и да го носам кај претседателот на судот. Собирајте тоа, не може“.

На ова и беше посочено дека лаптопот е за да може да се запишуваат забелешки од судењето, на што таа на висок тон и арогантен начин додаде: „Нема што вие да фаќате забелешки, судот води записник, не вие. Собирајте се!“.

Иако и беше посочено дека уредите за запишување се средство за работа, дека не се снима, таа продолжи со непристојното однесување. Со нејзината забрана таа се обиде да го ускрати правото на новинарската екипа да ја информира јавноста за текот на расправата која е јавна. Тоа влезе и во судскиот записник по барање на новинарската екипа од „А1он“. На судијката и беше укажано дека нејзиното однесување и попречувањето на новинарската екипа да си ја врши својата задача ќе биде пријавена кај претседателот на Граѓанскиот суд, Судскиот совет, новинарските здруженија и меѓународните институции кои вршат судски мониторинг.

„Кристијан Ландов се обрати со зборовите дека не му било дозволено да фаќа прибелешки, а ова судот треба да го прочита кога ја видел легитимацијата каде што пишува дека треба да му се овозможи на имателот на легитимацијата да ја извршува професионално работата и дека ова не му било овозможено“, стои во судскиот записник од рочиштето.

Ова рочиште не е прво од кое известувала новинарска екипа на „А1он“. Досега, никогаш, ниту еден судија, не попречил новинар да известува од судењето преку закана со одземање на опрема. Во судовите каде е забрането користење на електронски уреди, истите се одземаат на влезот од зградата. Тоа не беше случај на ова судење. Постапувањето на судијката Наташа Тодорова во конкретниов случај, се сфаќа како притисок и обид за цензура.

Би можело да ве интересира

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – Медиумите на „Клип Медиа Груп“ прославија јубилејни родендени

Ана Ололовска

А1он, Макфакс, Репортер, ДодајГас, УСБ, ТопСпорт излегуваат од Time.mk

Ландов

ССНМ: Пратеникот Апасиев да не шири омраза и нетрпеливост кон новинарите

ЗНМ ја поздрави одлуката за затворска казна за напаѓачот на новинарите на А1он

Наум Локоски

Шест месеци казна затвор за напаѓачот на новинарската екипа на А1он

Ана Ололовска

ВИДЕО: Започна судењето за нападот врз новинарите на „А1 он“, обвинетиот не се чувствува виновен

Ана Ололовска