Македонските кошаркарски прволигаши вечерва со одигрување на три натпревари го комплетираа 7.коло.
На дербито во Кавадарци, Кожув го победи Фени Индустри со 79:73. Клучна за победата на гостите од Гевгелија беше подобрата игра во последната четвртина која Кожув ја доби со 28:18.
Лирија влезе како апсолутен фаворит против Пелистер на домашен терен победи убедливо со 100:66.
На последниот вечершен дуел, Куманово на свој терен беше поуспешен од Струмица со 95:86.