Се гради мостот на река Брегалница кај Зрновци

Од:

Со подобрување на временските услови се интензивираа работите на изградбата на мостот на реката Брегалница во општина Зрновци, кој страдаше од поплавите во февруари 2015 година.

Работите на изградбата на мостот ги изведува конзорциумот „Фресине-Гранит“ од Скопје, чија механизација се наоѓа на тереен.

– Во моментот се изведуваат градежните работи на поставување на главните чипови за поставување на столбовите, кои ќе бидат носители на конструкцијата на мостот. Градежна механизација на конзорциумот „Фресине -Гранит“ е на терен и се поставуваат основите за столбовите на мостот. Реката Брегалница е пренасочена во делот каде што моментно не се работи, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

Мостот е со должина од 96,5 метри и широчина од 7 метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари, средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.

Носители на активностите за изградбата на мостот кој ќе ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделие и општина Зрновци.

Инаку сообраќајот меѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решени на неколку метри под мостот. чија целосната изградба се очекува да заврши до крајот на летото.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука