Неповратни грантови од 4.000 евра за самовработување

Од:

Од денеска во наредните десет дена сите невработени лица ќе имаат можност да аплицираат за грант за самовработување преку отворање сопствен бизнис во висина од 4.000 евра.

Со оперативниот план за 2017 година со програмата за самовработување ќе бидат опфатени 1.050 невработени лица од евиденцијата на АВРМ, активни баратели на работа, во 1.000 новоотворени микро компании. Мерката се спроведува 11-та година по ред, а за годинава за неа се предвидени вкупно 283 милиони денари.

Програмата за самовработување вклучува обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистрирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјали и менторство за време на почнување на бизнисот.

– Оваа програма има за цел да го поттикне претприемништвото и да поддржи креирање почетни бизниси кои ќе обезбедат одржливи вработувања, не само за самите основачи, туку и за други лица кои ќе се вработат во овие почетни одржливи бизниси. Програмата поттикнува и создавање рамномерна дистрибуција на економските субјекти во земјава, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Потенцира дека ова е единаесетта по ред година во која се спроведува оваа програма и оти со неа се постигнува целта за зголемување на вработувањето, со оглед на тоа што, како што рече, 70 проценти од бизнисите успеваат да опстанат на пазарот и по неколку години, како и дека во дел од активните фирми има зголемување на бројот на вработени. Од 2007 до 2016 година, додаде Ибрахими, преку програмата основани се 8.730 фирми во кои се вработени 8.969 лица.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека годинава грантот изнесува 4.000 евра, што, како што нагласи, е зголемување за илјада евра во однос на изминатите години. На овој чекор, додаде Поповски, се одлучивме врз основ на направените анализи и консултациите со експертите и изготвувачите на бизнис-плановите.

Информира дека заинтересираните ќе можат да аплицираат за обука за пополнување на прашалниците и потоа да ги пополнат. Врз основа на тоа ќе добијат ваучер и еден експерт за изработка на бизнис план. Потоа бизнис планот ќе биде оценуван од експерти и доколку биде проценето дека е одржлив ќе добијат грант за отворање мал бизнис.

Додаде дека ќе може да се аплицира и за дополнително работно место во компанијата за што, како што информира, ќе добиваат плус 92 илјади денари, а за тоа ќе се одлучува во октомври годинава.

Наведе дека деталните упатства и правилникот за можностите и условите за користење на мерката се јавно објавени и оти во неа е појаснето како се одвиваат процедурите од апликацијата до добивањето на средствата.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска