(ВИДЕО) Села: Македонските партии прават нестабилност, Уставот треба да се отвори

Од:

Парламентарните партии на Албанците дебатираа за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите, рече лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села.

– Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за албански јазик. Закон ќе предлага ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците, рече Села.

Тој кажа дека ставовите се јасни дека потписи за мандат на Заев ќе ги дадат, но тоа не значи и поддршка за Влада.

Македонските партии прават нестабилност, за тоа обратете се кај нив, Албанците никогаш не сакале да земат нешто од Македонија, кажа Села.

Тој смета дека треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.

– Ова е неприфатливо од македонските партии, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот, рече Села.

Би можело да ве интересира

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

А1он

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ахмети остана сам на средбата во хотел „Парк“, не дојдоа ниту од една партија од албанскиот блок

Габриела Димковиќ-Мишевска

Села и Гаши го одбија Ахмети за утрешната средба, бараат да се одржи на 17 август со претходно утврдена агенда

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Ахмети: Наша беше иницијативата за средба со соседите

Наум Локоски

БЕСА: Не учествуваме на состаноци кои не се во духот на заедничката декларација

Наум Локоски