Поранешниот началник за безбедност во Главниот штаб на војската на Република Српска, Љубиша Баера, кој беше осуден од страна на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, почина во затвор во Берлин.
Баера беше осуден во 2015 година на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, каде силите на босанските Срби убија околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во 1995 година.
Баера почина вчера на 78-годишна возраст.