Во јужниот дел на Катар денеска се измерeни 1,5 степени Целзиусови, што е досега најниска регистрирана температура во земјата од кога се води ваква евиденција.
Оваа рекордно ниска темперaтура била измерана во местото Абу Самра во југозападниот дел на Катар.
Досегашната најниска регистрирана температура во Катар од 3,8 степени Целзусови била измерена во 1964 година.
Катар е познат по исклучiтелно високите температури кои во текот на летото достигнуваат и до 50 степени, а дури и во најстудените периоди од годината ретко се спуштаат под 10 степени.
Поради големите жештини, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) реши Светското фудбалско првенство во 2022 година, чиј домаќин е Катар, да се одржи во ноемеври, наместо во текот на летните месеци кога вообичаено се организираат Мундијалите.