Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман

Од:

Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Доктор Ристе Јовановски, епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, денеска информираше дека последнава седмица биле регистрирани 507 новозаболени.

– Ако се има во предвид дека претходно во една седмица имавме евидентирано и до 1.024 грипозни, може да се заклучи дека грипот стагнира во овие две општини, нагласи Јовановски.

Тој рече дека од почетокот на сезоната за грип досега, во Центарот имаат пријавено 2.691 лице заболено од ова вирусно заболување.

Тоа, според него, не е најреалната бројка на инфицирани од грип, бидејќи некои од заболените се лекуваат во домашни услови и не посетуваат матичен лекар. Токму матичните доктори, посочи, ги пријавуваат бројките на грипозни во Центарот за јавно здравје.

Јовановски потсети на превентивните мерки кои треба да се преземат за да се избегне вирусот на грип и даде препораки за заболените.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски