Пуштете ги децата да веруваат во Дедо Мраз

Од:

Се додека децата веруват во Дедо Мраз дозволете им да живеат со таа магија, советува српскиот психолог Весна Петровиќ.

Тоа го објаснува со корисниот и природниот начин на кој детето размислува, а при тоа ја развива креативноста, фантазијата и се труди да биде подобра личност.

– Погрешно е кога возрасните со сила ги разубедуваат децата во врска со Дедо Мраз, затоа што така им се урива светот, во кој тие се чувствуваат сигурно и среќно, тврди соговорничка на „Живот плус“.

– Пуштете ги да му пишуваат писма ако сакаат, да му се радуваат и да се трудат поради него да бидат подобри и поправедни. Децата кои никогаш не верувале во оваа маѓија, подоцна имаат аверзија кон празниците, додава таа.

Петровиќ ги советува родителите да им кажат на децата дека Дедо Мраз ќе ги награди ако бидат добри кон другарчињата, ако ги слушаат мајките и татковците, ако ги почитуваат наставничките. Тоа може да се „искористи“ како можност на децата да им се всадат позитивни вредности.

До кога ќе верува во Дедо Мраз зависи од детето, но најчесто во прво, второ одделение од основното училиште децата сфаќаат дека овој чичко поточно не е вистински. Најдобро е тоа да го заклучат самите, а не на груб начин тоа им го соопштат другарите или постариот брат или сестра.

– За предучилишните деца е подобро да веруваат во светот на магијата и фантазијиата, а со Дедо Мраз тоа им е гарантирано, вели таа.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски