Турција: Не е реално да ги примиме сите бегалци од Алепо

Од:

Претставниците на турското Министерство за надворешни работи изјавија денеска дека не е реално Турција да ги прими сите бегалци од сирискиот град Алепо поради потенцијалните безбедносни ризици.

– Турција планира да воспостави камп во Сирија за евакуација од Алепо, истовремено продолжувајќи да прифаќа болни и повредени лица во болниците во Турција, наведоа неименуваните претставници.

Две потенцијални локации, на околу 3,5 километри во внатрешноста на Сирија се погодни за изградба на камп, во кој ќе може да се сместат до 80 000 луѓе, објаснија претставниците.

Досега од Алепо се евакуирани околу осум илјади лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција во хаос: Мртви и повредени во големи пожари

Предраг Петровиќ

Најмалку пет лица загинаа во шумски пожари во Турција

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа