На калифорнискиот брег испливаа „мистериозни“ желатински суштества

Од:

На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии од желатинески суштества кои допловеа до брегот на Калифорнија и покренаа голем број расправи меѓу корисниците.

Станува збор за повеќе од илјада суштества кои ја преплавија плажата Ханингтон, заглавувајќи се во песок и предизвикувајќи општо чудење кај посетителите.

Минувачите погодуваа дали станува збор за медузи, икри од риба, морски краставици или салпами – безрбетни морски животни.

Желатински суштества 2

Набрзо се огласи и професорот по поморска биологија од Универзитетот на Калифорнија,Кистофер Лоу, кој изјави дека станува збор за еден вид на морски краставици.

Клод Пејнс, кој веќе 40 години работи како спасувач на плажата, изјави дека никогаш до сега не видел нешто слично и дека споменатата инвазија би можела да биде последица на феноментот „Ел Нињо“.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска