Новиот премиер на Естонија Ратас денеска го претставува составот на Владата

Од:

Опозициониот политичар Јури Ратас синоќа стана новиот премиер на Естонија, неколку денови откако неговиот претходник Тави Ријвас беше отстранет од функцијата со гласање недоверба во естонскиот парламент, јави ДПА.

Лидерот на Централистичката партија на Естонија и поранешниот заменик-претседател на естонскиот парламент Ратас, беше избран со 53 гласови „за“, 33 „против“ и седум „воздржани“ од присутните во салата на 101-члениот парламент.

Во говорот посветен на стапувањето на функцијата, Ратас ги посочи како основни проблеми на Естонија демографската криза, стагнирањето на економијата како и растењето на неедаквоста и безбедноста.

Ратас (38), чија што партија ужива силна поддршка од руското малцинство во Естонија истакна дека нема намера да ја промени надворешната и обранбената политика во земјата.

– Членството во ЕУ и НАТО е најдобра гаранција за безбедноста во земјата, нагласи новоизбраниот естонски премиер.

Во коалицијата составена од Ратас, освен неговата партија ќе учествуваат и социјалдемократите и конзервативниот сојуз „Про Патрија и Рес Публика“- две формации кои беа помали партнери и во досегашната владејачка коалиција.

Ратас во неделата го доби мандатот за состав на новата естонска Влада од претседателската Керсти Калјулајд.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он