Почнувајќи од оваа, во секоја наредна сабота во 12 часот, во просториите на галерија „Ко-Ра“ (Дом на градежници) ќе се одржува стрип школа за средношколци.
Школата е наменета за ученици од средните училишта и е бесплатна. Ќе се одржува во наредните 12 викенди. Ќе ја организира Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“, под покровителство на Град Скопје.
Предавачи се стрип авторите Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, а предавањата ќе бидат збогатени со многу гости-предавачи, професионалци во сродни медиуми на стрипот: цртачи, илустратори, сценаристи, аниматори, режисери…
Целата активност ќе заврши со групна изложба на младите таленти и промотивен број на стрип магазинот „Синдром“ во кој ќе бидат објавени делата на македонските стрип цртачи.