Претседателката на Естонија, Керсти Калјулеид го назначи денеска лидерот на Естонската центристичка партија, Јури Ратас за мандатар за состав на нова влада.
– Убедена сум дека Јури Ратас ќе може да состави силна влада и оти надворешната политика на Естонија и нејзиниот курс во сферата на безбедноста нема да се променат, истакна Калјулеид по средбата со Ратас.
Составот на нова влада во најмалата балтичка земја се случува во момент на зголемена тензија во регионот поради изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и загриженоста од соседна Русија.
Ратас ја предводи традиционално проруската Естонската центристичка партија и планира да ги зголеми даноците.