Литванскиот тим Литвос Ритас го претрпе седмиот пораз во Евролигата, откако минимално беа поразени во Белград од Партизан со 75:74.
За Литанците постојат само теоретски шанси за пласман во наредната фаза, додека Србите се чекор поблиску до освојување на четвртата позиција.
Први стрелци во домашниот тим беа Дејвис Бертранс со 14 и Владимир Лучиќ со 13 поени, додека кај гостите Недовиќ и Радошевиќ имаа по 16, односно 15 коша.
Во поразот македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски за 7 минути изминати на паркетот имаше еден поен (0/2 за два, 1/2 од слободните фрлања), додаде еден дефанзивен скок, една загубена топка и една блокада.