„По сослушувањето на Љубе Бошкоски од страна на државната безбедност пред неколку месеци, деновиве МВР и Обвинителството распрашале над 40 вработени во МВР со цел да му монтираат уште една кривична пријава на Љубе Бошкоски за божемна вмешаност во убиството на Марјан Тушевски во декември 2001 година“, рече на прес конференција Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
Според него, распрашани се и некои од неговите телохранители, а на неколку лица им бил понуден статус заштитен сведок само лажно да сведочат против Љубе Бошкоски.
Ангелов се обрати до како што рече „креаторите на овој нов политички монтиран и мотивиран процес во обид“.
„Малку ли ви беше што Љубе Бошкоски одлежа 4 години во Хаг за Македонија? Малку ли беше што на лесен начин ги украдовте неговите гласови за политички да го уништите? Малку ли ви беше тоа што во еден политички монтиран процес го осудивте 7 односно 5 години затвор? Зошто толку омрза и суровост кон Братот Љубе или сеуште се плашите од него и дури кога е тој во затвор, рече Стојанче Ангелов.