Висок кинески владин претставник е избран за претседател на Интерпол, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Новиот раководител на Интерпол е досегашниот кинески заменик министер за јавна безбедност, Менг Хонгвеј.
За заменик претседател беше избран началникот на Националното централно биро на Интерпол во Москва, генерал-мајорот Александар Прокопчук, јави ТАСС.
Прокопчук стана првиот Русин, избран за толку висока функција во меѓународната полициска организација.