Генералното собрание на меѓународната полициска организација Интерпол ја одложи одлуката околу барањата за членство, меѓу кои и на Косово, додека не бидат спроведени неопходните студии.
– Додека се спроведува студијата, суспендирани се сите актуелни и идни барања за членство, вклучувајќи го и оние на Косово, Палестина и Соломонските Острови, соопшти денеска Интерпол.
Во соопштението се наведува дека Генералното собрание одобрило именување на советници, кои ќе ја спроведат студијата и потоа ќе дадат препораки за членство во меѓународната полициска организација.