Реконструкција на три улици во населба Лисиче

Од:

Во општина Аеродром деновиве ќе почне реконструкција на три улици во населбата Лисиче со вкупна должина од околу 500 метри.

Станува збор за улиците „Ѓуро Малешевац“ со должина од 200 метри, „Зборски“ чија должина изнесува 110 метри и улицата „Дете Татуличе“ која е долга 170 метри.

Реконструкцијата, како што информираат од општината, ќе опфати асфалтирање на коловозот на улиците со широчина од 3,5 метри, како и изградба на тротоари широки по 1,10 метри од двете страни на улиците.

Реконструкцијата ќе чини околу 5,5 милиони денари, средства од Буџетот на општина Аеродром.

Со реконструкцијата на трите улици, општината, како што се наведува во соопштението, продолжува со предвидената динамика да ги обновува постојните улици и да гради нови на својата територија, со цел подобрување на условите за живеење.

Би можело да ве интересира

Два парка и намален број на станбени површини во Лисиче: Општина Аеродром подготви трета верзија на ДУП-от

А1он

Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче

Предраг Петровиќ

СДСМ: Антикорупциска да го истражи случајот со парцелите во Лисиче

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација во Лисиче, ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните

Коњаниците од Лисиче се степале со крушевчанец на Мечкин камен

Искра Манојлоска

ФОТО: Пожар во Лисиче, горат десетина автомобили

Кристијан Ландов