(ВИДЕО) Ангелов: Заедно со Георгиевски и Бошкоски ќе го срушиме режимот на Никола Груевски

Од:

Чест ми е да соработувам со премиерот и министерот кои ни оставија целосно одврзани раце за одбрана на татковината, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов на прес конференцијата се најави коалицијата „ВМРО за Македонија“.

– Длабоко во себе и покрај сите контроверзи, верувам дека заедно со нив, со мојот премиер и мојот министер од 2001 година ќе го срушиме режимот на Никола Груевски, на истиот Никола Груевски кој што се дрзна да ги тужи воените инвалиди и семејствата на загинатите бранители. Истиот кој ги амнестираше злосторниците опфатени со хашките случаи, истиот Никола Груевски кој што го постави командантот од УЧК, Талат Џафери за министер за одбрана, оној кој овозможи целосно пљачкање на државата, оној кој со неговата погрешна политика избрка луѓе надвор од Македонија. Режимот мора да падне, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски