АВРМ: Нема злоупотреби, возилата се отстапени согласно Договорот потпишан лани

Од:

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) попладнево соопшти дека во октомври 2015 година склучила Договор со Министерството за труд и социјална политика согласно кој му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен возила кои се донација од ЕУ.

– За користење и управување со овие возила на Агенцијата, директорот издал и соодветни овластувања. Во надлежни институции постои документација од која јасно може да се констатира дека не станува збор за каква било злоупотреба од страна на Агенцијата. Сите преземени дејства од страна на Агенцијата за вработување се поткрепени со соодветни докази и документација и не постои никаква злоупотреба на нејзиниот имот и средства, наведува АВРМ.

Би можело да ве интересира

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Шахпаска: До ноември реализирани 85% од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он

Најмногу огласи за работни места има за хигиеничари, програмери, келнери, обезбедувачи, ѕидарски работници

Кристијан Ландов

Агенција за вработување: Се појавил обид за измама со програмата за самовработување

Жарко Настоски

АВРМ: Исплатени околу 65 милиони денари за 6.933 невработени лица

Ана Ололовска