Бројот на видовите цицачи, риби, птици, водоземци и влекачи за само 40 години (1972 – 2012), на светско ниво се намалил за 58 процента, а тој тренд ќе продолжи, ако не преземеме нешто, предупредува Светскиот фонд за дива природа (ВВФ, WWF) во својот годишен извештај.
– Овој пад што се забележува кај дивите животни, е се поалармантен. Се очекува до 2020 да достигне 67 отсто до 2020, ако не се стори ништо за запирање на таа тенденција, изјави генералниот директор на францускиот одгранок на организацијата, Паскал Канфен.
Изготвувањето на извештајот се одвивало во соработка со британски зоолози, при што се земени предвид 14.152 родови од 3.706 `рбетнични видови.