Во урнатиот авион на Малта настрадаа петмина француски цариници

Од:

Во малиот авион што се урна утрово на Малта, неколку секунди по полетувањето, по што и се запалил, загинаа петмина Французи, јави дописникот на МИА од Париз.

Според  француските медиуми, наводно, авионот бил користен од страна на воената разузнавачка служба.

Владата на Малта наведе дека петте француски царински службеници одговорни за вршење на трговија со мигранти и дрога трабало да извршат надзорен лет.  Досега нема официјална реакција  од француските власти.

Според новинарот на „Уест-Франс“, специјализиран за одбранбени прашања, Филип Шапло, авионот  е на компанијата CAE Авијација Луксембург, компанија која редовно работи за ДРМ (Управата за воено разузнавање) и ДГСЕ (Дирекцијата за општа знадворешна безбедност). Воздухопловот, Мерлин IV, очигледно се движи кон Мисрата во Либија, и бил најмен од Франција.

Локалните медиуми првично објавија дека во авионот се наоѓале  членови на агенцијата за следење на границите на Европската унија, ФРОНТЕКС. Агенцијата ги негираше информациите преку социјалната мрежа Твитер.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски