Успеавме да воспоставиме соработка со УБК. Како што и веќе информиравме, започна одземањето на документацијата и веќе привршува, очекуваме за час до два да завршиме, рече обвинителката Ленче Ристоска пред МВР.
Што се однесува до наредбата за пребарување на компјутерски систем и тука воспоставивме соработка. Успеавме да обезбедиме податоци од системот за следење на комуникации согласно судксата наредба, во тој дел наредбата ја извршивме и податоците се веќе кај нас, останува уште делот каде што е потребна асистенција од надворешни експерти. Во поголемиот дел судските наредби се веќе извршени, рече Ристоска.
Таа истакна дека соработката со Ериксон, фирмата која го има направено системот за прислушување е беспрекрорна.
Ристоска додаде дека анализата која следи ќе покаже дали некој дел од доказите е уништен, а деталите од анализата веднаш ќе бидат соопштени во јавноста.