СДСМ: Во секое предизборно ветување Груевски лаже за клиничката болница во Штип

Од:

„Во секое предизборно ветување, Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, ги лажат штипјани дека ќе добијат Клиничка болница. Слично како и за новиот клинички центар во Скопје и граѓаните на Штип постојано ги слушаат лажните ветувања дека ќе добијат клиничка болница.

Прво ја најавија во 2011, па потоа ја пренајавија за 2013. На крајот на 2013, рекоа ќе биде во 2014, а на изборите во 2014, ја ветија за октомври 2015.

Сега е крај на 2016 а Штип нема нова Клиничка болница. Наместо тоа, со ребалансот на буџетот се скратени 250 милиони денари за лажните ветувања за изградба на Клиничката болница во Штип и Скопје.

Наместо нова клиничка болница, штипјани добиваат ужасни услови за лекување. Во болницата нема тумор маркери за град, матка и дебело црево.  Над 1.600 пациенти болни од рак не само од Штип, туку и од целиот источен регион, се приморани секојдневно да патуваат за зрачна терапија на Клиниката за онкологија во Скопје. Додека владата во заминување трошеше стотици илјади евра на кампањи за здрава храна, пациентите во штипската болница појадуваат леб и салама.

Груевски десет години на хартија даваше лажни ветувања за изградба на болници, а во реалноста парите на граѓаните ги трошеше на луксуз и прескапо платени споменици. Со 667 милиони евра  буџетски пари потрошени за споменици ќе се изградеа над 20 вакви клинички болници во Македонија и ниту еден доктор немаше да ја напушти Македонија.

Лажните ветувања и расипничкото работење завршуваат на 11 декември. По демократските промени, владата предводена од СДСМ посветено ќе работи на целосно подобрување со состојбата во здравството, за никогаш повеќе да не се повторат траорните слики од болниците кои беа заштитен знак за криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски