ЛП: Одбивањето на ДБК да ги достави побаруваните докази со судски налог е обид за „партиско-полициски удар“

Од:

„Продолжувајќи со принципиелната поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, Либералната партија уште вечерва, во текот на обидот за извршување на судската наредба за прибавување информации и докази во Дирекцијата за безбедност и контра-разузнавање, ја реафирмира поддршката за истрагите на СЈО во ДБК.

Непостапувањето по судски налог е директно спротивставување на законот и системот, што по дефиниција ДБК треба да го штити од домашни и надворешни закан.

Одбивајќи да го спроведе судскиот налог и опструирајќи го барањето на СЈО, ДБК и самата прераснува во закана по уставниот и правниот поредок на државата. Одбивањето на доставувањето на побаруваните докази со судски налог всушност е обид за „партиско-полициски удар“.

Од објавените записи слушнавме што се зборувало, но клучно е македонската јавност да дознае кој наредил и спровел прислушкување, а потоа да се утврди одговорност за постапката – доколку прислушкувањето го правела ДБК по наредба спротивна на законот, по чија наредба и доколку прислушкувањето е од странска служба – зошто тоа не е спречено и санкционирано.

Со исто внимание ги очекуваме и наодите од истрагата по добивањето на побаруваните докази и идната судска постапка“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов