Турција ќе биде домаќин на Изборот на најубава мачка на светот, кој ќе се одржи викендов во Истанбул.
„Светското шоу на мачки 2016″ (World Cats Show 2016), во чии рамки ќе се одржи изборот, се организира од страна на Светската асоцијација на мачешките родови, во соработка со Бугарија и Германија, како и колеџот „ДогаНатура“ од Истанбул.
Годинешниот натпревар со голем интерес се очекува од љубителите на мачки и домашни животни, кои како и секогаш, се подотвени за нови интересни изненадувања.
Главниот настан е всушност натправарот, во кој ќе учествуваат различни видови мачки од цела Турција и од други земји во светот.
Судии на изборот ќе бидат познати експерти за мачки – Анелизе Хакман, Дитер Давид Мајстер од Германија, потоа – Алина Ингор (Бугарија), Мехмет Емин, Јасемин Хоџаоглу и Онур Саџик (Турција).