Пет од шест деца помлади од две години во земјите во развој не јадат доволно здрава храна со што се изложени на опасност од трајни штети по нивното ментално и телесно здравје, предупреди во петокот Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).
Половина од децата од шест до 23 месеци често пати не се доволно ухранети, нагласи УНИЦЕФ во извештајот објавен на 16 октомври, кој се одбележува како Светски ден на храната.
Недостигот на култура и разновидната храна е причина поради која таа старосна група се соочува со овој проблем. Тоа е возраста кога е најмногу потребна разновидна храна, важна за развој на мозокот, коските и целото тело.