ВИДЕО: Жител на Алепо не сака да побегне од војната за да не ги напушти мачките скитници

Од:

Најопасно место во светот денес сигурно е сирискиот град Алепо, од каде многумина избегнаа во виорот на војната.

Но, еден локален жител на Алепо сепак не сака да го напушти градот, за да може да се грижи за стотиците мачки скитници.

Мохамед Ала Џалел, кој е познат како „мачкарот од Алепо“, во 2011 година го основал првото засолниште каде ги сместил првите 20 мачки скитници. Денес, како што јави Би-Би-Си, нивниот број е пет пати поголем.

– Се грижими за секоја мачка која сопствениците ја оставиле или која порано живеела на улица, изјави тој. – Бидејќи земјата сите ја напуштија, вклучувајќи ги и моите пријатели, мачките станаа мои пријатели. Некои луѓето ми ги оставија, затоа што знаат дека сакам мачки, тврди Џалел.

Тој додёаде дека никогаш не би ги напуштил животните. Порано бил електричар, а денес вози возило на Брзата помош.

– Оној кој има милост кон луѓето има милост и кон секое живо суштетсво, вели Џалел.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он