Изградба на асфалтен пат до Сарафовско маало во селото Саса, Македонска Каменица

Од:

Започна изградбата на асфалтен пат до Сарафовско маало во селото Саса во Македонска Каменица, во должина од два километри и ширина на коловозот од 3, 5 метри.
 
Градоначалникот Дарко Митевски кој денеска направи увид на стартот на работите на овој локален пат, истакна дека повеќе од половна век жителите од оваа маало во Саса првпат ќе добијат асфалт.
 
– На огромно задоволство на локалното население, еве денеска започнуваме со градежните работи за изградба на овој локален пат.  Средствата за реалзација на овој проект, како и за  изградба на патот до Перчачко маало во село Моштица, чија изградба ќе следува по завршување на работите на оваа делница, се обезбедени преку грант, односно неповратни средства  од Светска банка преку Министерство за финансии во износ од 260 илјади евра, како и сопствено учество од 10 милиони денари за дореализација на двата проекти, истакна Митевски.
 
Тој додаде дека овој инафрструктурен проект е на барање на жителите кои живеат овде или имаат свои имоти во овој дел на Саса.
 
– Иако овде живеат помалку жители, нашата обврска и ветување е да донесеме асфалт до секое маало и секоја куќа, секаде каде што живеат наши сограѓани се остварува. Големо е задоволството од граѓаните бидејќи овде повеќе од 50 години првапат се гради современ асфалтен пат, рече Митевски.
 
Градежните работи за изградба на двата локални патишта треба да завршат до јули идната година.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

A1on

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено