Комплетно асфалтиран патот до испосницата на Св.Јоаким Осоговски

Од:

Асфалтирани се финалните 330 метри од патот во кривопаланечкото село Градец кој води до испосницата на пустиножителот Свети Јоаким Осоговски, со што патот до овој туристички локалитет е комплетиран и ќе биде достапен за сите љубители на туризмот и културата.

– Со целосното асфалтирање на патот кој води до испосницата, како локална самопурава овозможивме пристап до уште една атрактивна дестинација во општината која има големо културно-историско значење. Изградбата одеше во неколку фази, а овие 330 метри се финансирани до Бирото за регионален развој и дел од буџетот на општината, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

Испосницата се наоѓа на 7 километри од Крива Паланка, во селото Градец. Општината етапно работеше на уредување и пристап до локацијата.

– Од 2011 година досега се асфалтирани три километри пат. Со финансии од ИПА програмата за прекугранична соработка локалитетот беше партерно уреден и се асфалтираше еден километар пат во 2011 година. Следните години на два пати доасфалтиравме околу два километри на овој патен правец со средства од Бирото за регионален развој, а оваа институција не поддржа и во намерата конечно да го завршиме патот, рече Алексовски.

Истакна дека институците на локално ниво во претстојниот период ќе работат на промовирање на овој локалитет кој заедно со манастирот и музејот ја комплетира туристичката понуда на градот.

– Сите посетители на манастирскиот комплекс ќе имаат можност дополнително да се запознаат со месноста каде минал дел до животот пустиножителот Јоаким Осоговски, да ја видат пештерата каде се испостувал, а воедно да уживаат во прекрасната природа и панорама на градот, нагласи Алексовски.
Во близина на испосницата се наоѓа и археолошкото наоѓалиште Градиште каде локалната установа Градски музеј Крива Паланка од 2013 година врши самостојни истражувања со средства од Министерството за култура. На локалитетот се пронајдени бројни значајни артефакти кои ветуваат дека по конзервација на целото утврдување ќе се добие уште еден туристички бренд на градот, кој ќе говори за богатото културно-историско минато на Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

A1on

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он

Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

А1он

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

По магистралата Кичево-Гостивар сообраќајот се одвива забавено