ВИДЕО: Со референдум студентите ќе се обидат да воспостават контрола врз Студентскиот парламент

Од:

По немилите настани за време на изборот за студентски лидер, студентите кои се дел од Студентскиот пленум ќе го организираат првиот неформален студентски референдум со прашањето дали се за или против Студентскиот парламент да стане дел од Универзитетот.

– Во зиминативе неколку месеци бевме сведоци на немили настани кои го засегнуваат студентското организирање. Најпрвин би сакал да започнам со нелегитимните студентски избори кои од самиот студентски парламент беа признаени како легитимни и покрај тоа што имаше низа нерегуларности. Почнувајќи од тоа што немаше параван каде што студентскиот гласач ќе можеше тајно да го изврши своето право на глас, до избирачките списоци, па се до физичката пресметка и доаѓањето на специјалните единици пред Студентскиот парламент, рече Петар Балаковски од Студентскиот пленум.

Референдумот ќе се одржи во среда, на 28 септември, а како што велат од пленумот, го организираат со цел сите студенти да ја изразат личната волја за тоа какво студентско претставничко тело сакаат. Со тоа, велат од пленумот, студентите ќе покажат дали сакаат да имаат контрола врз Студентскиот парламент.

– Иако референдумот е неофицијален и не е обврзувачки, сепак ќе предизвика морална обврска кај сенаторите при донесувањето на одлуката за студентското претставничко тело да ја почитуваат одлуката на студентите. Имено, апсурдно е во време кога говориме за високо образование ориентирано кон студентот, гласот на студентите воопшто да не биде слушнат при одлучувањето за студентско претставничко тело. Со тоа, ќе биде воспоставена котрола која ќе го спречи самоволите во СПУКМ, рече Борјан Ефтимов од Студентскиот пленум.

Пленумците организираат јавна дебата која ќе се одржи во понеделник на Правниот факултет, каде што освен говорниците кои ќе ја застапуваат идејата на референдумот, ќе бидат поканети и претставници кои ќе ја застапуваат идејата за студентско претставничко тело како невладина организација, со што ќе им се овозможи на студентите да ги слушнат и двете страни.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

САД: Републиканците го блокираат договорот за нацрт-законот кој вклучува помош за Украина и Израел

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност