Денеска, околу 11 часот, од зградата на Специјалното јавно обвинителство излезе бизнисменот Орце Камчев.
Иако новинарските екипи стоеја пред влезот, Камчев побегна од новинарите и зградата на СЈО многу брзо ја напушти. Нема информации дали Камчев бил на распит во СЈО и доколку бил, во кое својство и за кој предмет.
Камчев е еден од сопствениците на „Медиа принт Македонија“, на болницата „Аџибадем Сиситина“, „Орка холдинг“, „Стопанска банка – Битола“, ЗИГ „Пелагонија“ и на други фирми. Според последната листа на „Форбс“, Камчев, е најбогатиот човек во Македонија.